15 специјалисти од Србија и Чешка се пристигнати во Македонија за да помогнат во лекувањето на повредените во катастрофалниот пожар што се случи во дискотеката Пулс во Кочани во кој загинаа 59 млади луѓе, а 155 се повредени.
Министерот за здравство Арбен Таравари соопшти дека специјалистите ќе бидат распоредени по клиниките каде што има потреба. Се очекува да пристигнат и специјалисти од Израел.
Таравари рече дека и да одите во поголеми држави нема центри за изгореници. Гледате дека сите држави прифаќаат од двајца до петторица пациенти, не повеќе.

„Кај нас се случи шок, изгореници на повеќе од 100 лица што треба да се третираат и нормално е дека немаме капацитети добро да ги третираме. Кај овие пациенти постои опасност од компликациите што се јавуваат од изгорениците, а сите се од втор или трет степен, веќе постои опасност од инфекции и целта ни беше да се третираат што подобро, а ние да сме подготвени евентуално за пациенти кои биле латентни“ рече Таравари.
Директорот на фондот за здравство Сашо Клековски оцени дека македонскиот здравствен систем одлично реагирал во целата ситуација.
Со целата критика на македонското здравство вчера над 140 повредени беа прифатени во многу краток период. Зборуваме за пациенти кои имаат изгореници од втор и трет степен на повеќе од 10, 20, 30 проценти од површината. Морам да кажам дека првата фаза на згрижување на пациентите е завршена, никој не остана незгрижен. И да имавме центар за изгореници ќе имавме бокса за четири-пет пациенти“, рече Клековски
Слични новости
Кочани: Демолирано кафулето на сопственикот на опожарената дискотека
Група граѓани во Кочани го демолираа кафе барот „Класик“ чиј сопственик е истиот од дискотеката каде во пожар загинаа 59 лица, јави дописникот на МИА.
Протест во Кочани, се бара одговорност
Граѓани кои денеска се собраа во Кочани барајќи одговорност за трагичната несреќа во која загинаа 59 лица пред општинската зграда фрлаат со јајца и бараат да излезе градоначалникот
Мицкоски: Ова е масовно убиство овозможено со мито и корупција, нема да има милост за администрациската мафија
Очигледно дека некои не си ја вршел работата и сега се обидува под наводно некаква политизација да ја затскрие криминалната работа што ја работел додека раководел со таа институција. Нема да има милост, тоа вчера го кажав и денеска ќе го повторам, кој сака нека биде. Кој сака нека биде, од која и е да е етничка припадност и од која сака политичка партија нека биде, тоа што се случувало е повеќе од криминал. Ова би рекол е масовно убиство, кое што некој го дозволувал за пари за мито за корупција да се случи, нагласи премиерот