Во Македонија еден од пет луѓе, или 22% на возраст од 16 до 74 години, годинава користел алатки за генеративна вештачка интелигенција. Повеќето ги користеле за лични цели (15,76%), додека 8,55% ги користеле за работа. Речиси еден од десет (9,4%) ја користеле за формално образование.
На ниво на ЕУ речиси една третина (32,7%) од луѓето на возраст од 16 до 74 години во ЕУ годинава користеле ВИ алатки. Повеќето ги користеле за лични цели (25,1%), додека 15,1% ги користеле за работа, а 9,4% за формално образование, покажуваат податоците објавени од Евростат.
Како најчеста причина зошто не користеле ВИ алатки 43% од граѓаните на Северна Македонија рекле дека немале потреба, 11% зошто не знаеле како да ги користат, додека 2% поради загриженост за приватноста и безбедноста.
Во Европа лидер во користење на ВИ алатки е Норвешка (56,32%), а најмалку 17,19% ја користеле граѓаните во Турција.
Слични новости
Кошта и фон дер Лајен: Не можеме да го завршиме самитот без одлука за финансирање на Украина
Самитот на челниците на Европската Унија, кој започнува во четврток, не смее да заврши без одлука за финансирање на Украина, изјавија претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пред состанокот
Американскиот Конгрес издвои 400 милиони долари од САД за вооружување на Украина во следните две години
Американскиот Конгрес вчера го одобри буџетот за одбрана што вклучува и 400 милиони долари годишна помош за Украина во следните две години. Се чека потписот од Трамп за одлуката да стапи во сила.
Во Скопје и натаму се дише загаден воздух
Системско управување со отпадот и проширување на топловодната мрежа, би можеле значително да го намалат проблемот, особено сега кога парното е под државна контрола.


