Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 4 се активни, 4 се под контрола, а 25 се изгаснати – соопшти утрово Центарот за управување со кризи.

Активни пожари има во Општините Студеничани и Зелениково – кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер со кракот кон селата Палиград и Вражале во Општина Зелениково, во Општина Македонски Брод – кај месноста Видуш и селата Драгов Дол и  Локвица, во Општина Кичево – кај селата Тајмиште и месноста Дарда и во Општина Гостивар – кај селото Горна Ѓоновица.

Пожари под контрола се пожарите во селото Илинден, кај делчевското село Бигла, кај село Туденце во Општина Јегуновце и во Општина Врапчиште – кај селата Ломница и Ѓерѓевиште.

 

Слични новости

Нови 11 случаи на ХИВ регистрирани во јули во Македонија

Нови 11 случаи на ХИВ регистрирани во јули во Македонија

Нови 11 случаи на ХИВ/СИДА се регистрирани во јули во земјава – покажуваат податоците на Институот за јавно здравје за движењето на акутните заразни заболувања. Од вкупниот број регистрирани случаи, девет се мажи и две се жени