Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 4 се активни, 4 се под контрола, а 25 се изгаснати – соопшти утрово Центарот за управување со кризи.
Активни пожари има во Општините Студеничани и Зелениково – кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер со кракот кон селата Палиград и Вражале во Општина Зелениково, во Општина Македонски Брод – кај месноста Видуш и селата Драгов Дол и Локвица, во Општина Кичево – кај селата Тајмиште и месноста Дарда и во Општина Гостивар – кај селото Горна Ѓоновица.
Пожари под контрола се пожарите во селото Илинден, кај делчевското село Бигла, кај село Туденце во Општина Јегуновце и во Општина Врапчиште – кај селата Ломница и Ѓерѓевиште.
Слични новости
Македонија, според последните податоци на надлежните, има 52 случаја на западнонилска треска.
До 3 септември се регистрирани вкупно 1.086 случаи во 15 држави, соопшти Европскиот Центар за превенција и контрола на болести. Италија е лидер со 516 случаи, а следува Грција со 284
Колони возила на Богородица
На граничниот премин Богородица има големи колони возила поради продолжениот викенд и за влез во Грција се чека меѓу 1 и пол и 2 часа. Движењето на возилата е забавено и поради фактот што грчките полициски служби повторно го воведоа системот за проверка ЕЕС, кој работи бавно.
Ставен под контрола големиот пожар кој од Преспа стигна до Пелистер
Пожарот што вчера избувна во Преспа и навлезе во Националниот парк „Пелистер“, во подножјето од ресенска страна, е ставен под контрола, информира ЦУК.


