Концертот во Киа Форумот го отвори славниот бенд Green day, а фронтменот на бендот порача дека сите заедно се со Алтадена и Палисејдс областите во Лос Анџелес што беа најмногу погодени во пожарот.
Актерот и комичар Били Кристал кој го загуби својот дом во Палисејдс за време на пожарот се појави пред публиката раскажувајќи за сопственото искуство како се спасил од пожарот.
Били Кристал рече дека вкупниот број на собрани средства од донации ќе биде удвоен од Стив Балмер сопственикот на ЛА Клиперс. Првата донација дојде од ирскиот бенд У2 кои донираа милион долари.
На хуманитарниот настан се појавија голем број ѕвезди, актери и музичари. Посебно внимание предизвикаа настапите на Стинг и Стиви Вондер кои заедно ги отпејааа песните „All we need is love“ „ Superstition“ и „ High ground“.
Шоуто го затвори Лејди Гага која започна со двете нумери од филмот „Ѕвездата е родена“ Always remember us that way и Shallow.
На хуманитарниот настан присуствуваше и Камала Харис која беше претседателски кандидат на минатите избори.
Слични новости
Кина влезе во годината на змијата
За време на празникот, кој трае неколку дена, повеќето продавници и канцеларии се затворени, а стотици милиони жители патуваат низ Кина за да прослават во своите родни места
Кесичките со чај ослободуваат микропластика
Научниците од Шпанија пронајдоа траги од микропластика што влегуваат во човечките клетки откако ќе ги натопат кесичките со чај во вода
Квентин Тарантино пишува театарска драма
Тој се откажа од натамошно снимање филмови, но сепак рече дека доколку претставата биде голем хит, би можел да ја екранизира на филмското платно и дека тоа би бил неговиот последен филм што ќе го сними.