На познатиот плоштад Лестер во Лондон се одржа премиерата на четвртиот и последен филм за Бриџит Џоунс „Лута поради момчето“. Во филмот повторно играат актерите Рене Зелвегер и Хју Грант кои се појавија на розевиот килим за премиерата, додека Колин Фирт и Ема Томпсон не се појавија на лондонската премиера.

Филмската франшиза на романтичната комедија за Бриџит Џоунс започна во 2001 како адаптација на популарните книги на Хелен Филдинг.

Последниот филм на франшизата е посветен на Бриџит Џоунс која се бори со тагата откако Марк Дарси (Колин Фирт) гине во Судан каде што доставува хуманитарна помош и се посветува на воспитувањето на нивните две деца кои остануваат без својот татко.

 

Режисерот Мајкл Морис по премиерата изјави дека Зелвегер е најотворената и најскромна личност со која тој некогаш работел. Тоа е главната причина за успехот на филмовите за Бриџит Џоунс, рече режисерот.

Слични новости

По 40 години Duran Duran повторно ќе настапува во Санремо

По 40 години Duran Duran повторно ќе настапува во Санремо

Четири децении по нивниот историски прв настап во Италија во Санремо во 1985 година, британскиот синт-поп бенд Duran Duran повторно ќе настапи на годишниот музички фестивал, објави неговиот менаџер и уметнички директор Карло Конти