Апелациониот суд во Штип, информира дека денеска на нејавна седница, постапувјаќи по повод изјавените жалби од осомничениот Ратко Димитровски и од ОЈО Кочани против решението на  Основен суд Кочани со кое мерката притвор на осомничениот Димитровски е заменета со куќен притвор  и му е определена мерка на претпазливост привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, донел одлука со која жалбите се отфрлаат како недозволени, а уважена е само жалбата на Димиторвски на определената мерка на претпазливост.

„Решението на Основен суд Кочани КС-36/2025 од 24.03.2025 година во ст.2 од истото СЕ УКИНУВА и предметот само во тој дел се враќа на повторно одлучување“, се вели во решението од Апелација Штип.

Во однос на изјавената жалба против  решението на Основен суд Кочани со кое  на осомничениот Николчо Илиев мерката притвор е заменета со куќен притвор и му е определена мерка на претпазливост привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, Апелација Штип информира дека денеска на нејавна седница е донесено решение со кое се отфрла како недозволена.

-Жалбата изјавена од Основниот јавен обвинител од Кочани, против решението на Основниот суд во Кочани Кс-34/25 од 24.03.2025 година- се отфрла како недозволена – стои во соопштението од Апелација Штип.

Донесените одлуки, информираат од Апелација Штип, со образложени причини за истите ќе бидат достапни за прелистување и на веб страната на судот во текот на наредниот ден.

Основниот суд во Кочани постапувајќи по жалбите на 17 осомничени за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 26 март годинава донесе одлука со која мерката „ефективен притвор“ за поранешните градоначалници на Кочани, Ратко Димитриевски и Николчо Илијев е заменета со куќен притвор, а во куќен притвор оди и поранешна директорка на Државниот пазарен инспекторат.

Во традгичниот пожар што е случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март загинаа 59 лица, а околу се 200 повредени.

globe

Слични новости

Дирекцијата за ТИРЗ на 15. место од вкупно 50 институции со 61,1 отсто исполнетост на системот за интегритет

Дирекцијата за ТИРЗ на 15. место од вкупно 50 институции со 61,1 отсто исполнетост на системот за интегритет

Дирекцијата за ТИРЗ според Извештајот за имплементација на интегритет изработен од Државната комисија за спречување корупција, се најде на 15. место на ранг листата од вкупно 50 институции, со 61,1 отсто на исполнетост на системот за интегритет

Филков: Само со независно и непристрасно судење можеме да градиме општество во кое законите важат еднакво за сите

Филков: Само со независно и непристрасно судење можеме да градиме општество во кое законите важат еднакво за сите

Според министерот, правда и одговорност мора да има, владеењето на правото не смее да биде само декларативна заложба, туку реалност во секоја судница и институција.

Детектор анкета: Стабилна поддршка за ЕУ членство, песимизам за прием

Детектор анкета: Стабилна поддршка за ЕУ членство, песимизам за прием

Над 61 процент од граѓаните би одговориле позитивно на референдумско прашање за влез на Македонија во Европската Унија, покажува анкетата која за емисијата Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје (ИПИС)…