Бројот на лица во Демократска република Конго за кои има сомнение дека се оболени од Ебола се зголеми на 1.028, ијзави министерот за здравство на оваа земја Самјуел Камба. Тој им рече на новинарите дека е потврдено дека 225 лица се заразени од овој смртоносен вирус.

Светската здравствена организација соопшти дека вистинските размери на на епидемијата од ебола во Конго би можеле да бидат значително поголеми, затоа што вирусот одредено време циркулирал без да биде откриен, се до 15 мај кога земјата прогласи епидемија од ебола.

Во Уганда едно лице почина , а девет се заразени од ебола, а случаите се поврзани со патници од Конго. Уганда ја затвори границата со Конго, за да го спречи ширењето на заразата.  

Слични новости

По 16 убоди со нож раперот Тори Ланез го тужи затвроскиот систем во САД за 100 милиони долари

По 16 убоди со нож раперот Тори Ланез го тужи затвроскиот систем во САД за 100 милиони долари

Раперот Тори Ланез поднесе сојузна тужба против затворскиот систем во Калифорнија, барајќи отштета од 100 милиони долари, откако во затворот во Техачапи друг затвореник го нападна со нож и му нанесе 16 убоди.