
Во Италија во текот на минатата година се затворени 61.000 продавница, а отворени се само 23.000, така што 2024 беше најлошата година откако станува збор за вкупмниот број на продавници, соопшти италијанската стопанска комора.
Трговците предупредуваат дека доколку продолжи овој тренд постои опасност да нема отварања на нови продавници веќе во 2034 пренесе агенцијата АНСА.
Италијанската асоцијација на мали и средни претпријатија предупреди дека досега ништо не е направено за да се запре исчезнувањето на малите дуќани. Од ова здружение велат дека целосното преземање на монополите на големите компании лошо ќе влијае и врз потрошувачите.
Слични новости
Мицкоски: Македонија ќе им помогне на САД за гасоводот Јужен тек
Македонија ќе ѝ помогне на Америка, американскиот гас преку гасоводот „Јужен тек“ да дојде во Европа и да биде конкуренција за рускиот гас, порача премиерот Мицкоски.
Тесла повлекува над 350 000 возила од американскиот пазар поради неисправни серво волани
Американскиот производител на електрични автомобили Тесла повлекува 376.241 возило во САД за да го исправи проблемот со неисправниот серво волани, објави Националната администарција за безбедност на сообраќајот на САД.
Деловната активност во еврозоната на работ на стагнација и во февруари
Деловната активност во еврозоната речиси стагнираше во февруари, со скромен раст во услужниот сектор и континуирана слабост во индустријата, покажа во петокот прелиминарниот извештај на S&P Global