Во Индија започнува петдневен самит посветен на вештачката интелигенција на кој ќе присуствуваат шефови на држави и раководители на технолошки компании.

На самитот во Њу Делхи учествуваат 20 шефови на држави и влади, вклучувајќи го и францускиот претседател Емануел Макрон.

Индискиот самит за влијанието на вештачката интелигенција е прв самит од ваков тип која се одржува на глобалниот југ, а на кој се разгледува технологијата која ја развиваат и со која доминираат богатите компании со седишта во развиените земји, пренесува Асошиејтед прес.

 

Слични новости

Европските берзански индекси во пад

Европските и американските берзански индекси денеска се во пад, додека берзите ги анализираат извештаите за добивките на големите компании и банките на крајот од неделата.

Крах на криптовалутите на берзите

Во четвртокот биткоинот падна за повеќе од 12% на под 64.000 долари ниво кое не е видено од октомври 2024 година. Други популарни криптовалути како Етер и Солана исто така се во пад. Солана, во моментов достигна најниска вредност за последните две години.