Израел убил командант на движењето Хамас во петокот во воздушен напад во јужен Либан, повторно тестирајќи го примирјето што ја запре војната со либанското шиитско движење Хезболах минатата година.

Израелската армија соопшти дека убиениот Хасан Фархат стои зад ракетниот напад врз градот Сафед минатата година во кој загинаа и беа повредени неколку израелски војници. Израел се закани дека ќе дејствува против борците на Хамас „каде и да се“.

Безбедносен извор изјави за Reuters дека Фархат бил убиен заедно со неговитe син и ќерка во јужeн либански град. Вооруженото крило на Хамас, бригадите Ал-Касам, објави дека Фархат бил убиен во неговиот стан и го истакна неговиот придонес во борбата против Израел.

Шиитски Хамас и сунитски Хезболах, кои изминатите децени се судираа меѓусебно во регионалните блискоисточни суди конфликот, станаа сојузници а либанското движење започна со прекугранични напади врз Израел во 2023 година во знак на солидарност со палестинската група. Израел одговори со голема воздушна и копнена операција во која загинаа поголемиот дел од водството на Хезболах минатата година.

Канцеларијата на либанскиот премиер Наваф Салам во петокот објави дека израелскиот напад е јасно кршење на примирјето меѓу Израел и Хезболах.

Според аналитичарите се чини дека примирјето е сè позагрозена во последните неколку седмици поради израелските напади врз јужните предградија на Бејрут и двете ракети лансирани од Либан кон Израел.

globe

Слични новости

За Хамас „важен чекор“ е најавата на Франција за признавање на Палестина

За Хамас „важен чекор“ е најавата на Франција за признавање на Палестина

Официјален претставник на исламистичкото палестинско движење Хамас во четвртокот ја нарече најавата на франускиот претседател Емануел Макрон за можното признавање на палестинската држава во јуни како „важен чекор“ што ќе претставува напредок кон палестинските права

Хасет: САД се блиску до постигнување договори со одредени трговски партнери

Хасет: САД се блиску до постигнување договори со одредени трговски партнери

Соединетите држави разгледуваат понуди од 15 земји за царински договори и се блиску до договор со некои од нив, изјави во четвртокот економскиот советник на Белата куќа, Кевин Хасет, откако претседателот Доналд Трамп ги намали повеќето царини во неочекуван пресврт