Училишта во Загреб утрово добија дојави за поставени експлозивни направи, информираа Градот Загреб и полицијата, наведувајќи дека децата се безбедни и дека се надвор од училиштата и се проверуваат од експерти за деактивирање бомби.

„Во контакт сме со полицијата, чии деминери веќе вршат увид во училиштата. Сите ученици се целосно безбедни надвор од училиштата, а сите надлежни служби преземаат максимални мерки за што поскоро нормализирање на состојбата“, соопштуваат од Градот.

Тие наведуваат дека во текот на денот ќе ја информираат јавноста за сите расположливи детали.

„Најостро го осудуваме овој неодговорен и опасен чин и изразуваме надеж дека сторителот(ите) брзо ќе бидат идентификувани и најстрого казнети“, соопштија од Градот.

Загрепската полиција извести дека во текот на ноќта образовните институции во градот Загреб добиле порака на електронските адреси за поставени експлозивни направи.

Полициски службеници се испратени на локациите и во моментов ја проверуваат веродостојноста на наводите во добиениот мејл, велат од полицијата, јавија загрепските медиуми.

globe

Слични новости

Протестот во Белград заврши со немири, Вучиќ порача дека ја разбрал пораката

Протестот во Белград заврши со немири, Вучиќ порача дека ја разбрал пораката

Протестот „15 за 15“, за кој според опозициските медиуми бил еден од најголемите во историјата на Белград, заврши во саботата вечерта пред предвиденото по инцидентите во кои беа повредени 56 лица, 22 беа уапсени, а по првиот инцидент студентите се повлекоа и порачаа дека повеќе тоа не е студентски протест