Во примероците на таканаречената Дубаиски чоколади, увезени во Германија, пронајдени се многу штетни состојки, соопшти во четвртокот Министерството за потрошувачка на сојузната покраина Баден-Виртемберг.
„Од случаи на измами до опасности по здравјето, во првтие испитувања на дубаиската чоколада од увоз е пронајдено речиси сѐ“, рече министерот за заштита на потрошувачите на Баден-Виртемберг, Петер Хаук.
Во сите осум испитувања што ги испитувало покраинското Биро за хемиски и ветеринарни истражувања, беа пронајдени загадувања, алергени, вештачки бои и маснотија која нее како путерот од какао, единствената маст дозволена во чоколадата.
„Поради малиот број примероци, не можеме да зборуваме за тренд, но наодите се многу загрижувачки и нѐ поттикнаа да спроведеме пообемно тестирање“, рече Хаук.
Кај испитуваните Дубаи чоколада станува збор за производи увезени од Обединетите Арапски Емирати и од Турција.
Во некои чоколада е пронајден сусам, иако не бил деклариран на амбалажата, а во некои и палмино масло, коешто, исто така, не било декларирано како состојка во чоколадата.
Според анализата, чоколадата од Обединетите Арапски Емирати била контаминирана во текот на процесот на производство до таа мера што е непогодна за човечка исхрана.
Кај сите чоколада е пронајдено зголемено количество вештачки бои кои „сугерираат поголем процент на квалитетни состојки од вистинските“, односно кремот од ф’стаци.
Дубаи чоколадата е голем хит во Германија последните месеци и е еден од најпопуларните прехранбени производи на божикните базари.
Слични новости
Германците најмногу се плашат од радиоактивното зрачење по нуклеарен судир
Според резултатите од истражувањето, 58 отсто од граѓаните стравуваат од радиоактивно зрачење како последица на нуклеарен конфликт
Ватикан на работ од банкрот
Ватикан, најмалата држава на светот, за своите проходи се потпира врз комбинација на донации и инвестиции. Во 2023 дефицитот на Ватикан изнесуваше 83 милиони евра, што е 5 милиони евра повеќе отколку лани, објавуваат италијанските медиуми.
Елтон Џон прогласен за икона на годината на „Тајм“
Сер Елтон Џон е прогласен за икона на годината на магазинот „Тајм“ за 2024 со што е овековечено неговото шестдецениско патување низ музичката индустрија. Признанието не го одразува само неговото трајно влијание во музиката, туку и придонесот кон филантропијата и активизмот.