Од јануари до мај германските општински судови примиле 10,546 барања за банкрот што е речиси пет насто повеќе отколку во 2025-тата година, објави германскиот статистички завод Дестатис. Судовите проценија дека вкупните побарувања на доверителите на компаниите кои банкротирале изнесува 15,4 милијарди евра.

Најмногу се погодени транспортот, угостителството и градежништвото. Германските медиуми пишуваат дека бранот банкротирања е последица на повеќегодишната стагнација на германската економија.

Ниту граѓаните не се поштедени од проблемите, па така во првите месеци од оваа година бројот на лични банкротирања надмина 32 000, што е за два проценти повеќе отколку во 2025.

Слични новости