Македонските безбедносни органи во координирана акција неофицијално заплениле околу 27 тони марихуана.

Акцијата, поврзанасо претходниот шверц во Србија, се спроведуваше на две локации – во кругот на поранешната фабрика ОХИС во Скопје и во струмичкиот регион.

Во центарот на истрагата е компанијата „Алфафарм“ ДОО Скопје, основана во 2023 година и лиценцирана за медицински канабис во 2024 година.

Истражителите се сомневаат дека големи количини од производството завршувале на црниот пазар, а сомнителни промени во сопственичката структура на фирмата биле забележани само неколку дена пред заплената на дрогата во Србија.

На 29 јануари, српските власти запленија 5 тони марихуана кај Крушевац, транспортирани како извоз на корнишони.

Меѓу уапсените бил и еден од сопствениците на „Алфафарм“. Овој настан активира интензивната соработка меѓу македонските и српските обвинителства, што резултираше со откривање на магацините во Скопје и Струмица.

 

Слични новости

Поскапувањето на нафтата може да предизвика инфлаторна спирала

Поскапувањето на нафтата може да предизвика инфлаторна спирала

Економистите предупредуваат дека зголемувањето на цените на енергијата речиси секогаш води до повисоки цени на храната, бидејќи горивото, транспортот и ѓубривата се клучни алки во глобалниот синџир на снабдување со храна.

83 години од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во Треблинка

83 години од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во Треблинка

Еврејска заедница во Република Македонија и Фонд на холокаустот на Евреите од Македонија денеска ја одбележуваат 83-годишнината од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во нацистичкиот логор Треблинка за време на Холокаустот.