Премиерот Еди Рама ќе је предводи албанската делегација, која во вторник (17 декември) ќе престојува во Брисел, за третата Меѓувладина конференција со Европската унија.
„Се очекува оваа група на поглавја да се затвори побрзо во преговорите, и поради тоа што Албанија беше на иста линија со надворешната политика на ЕУ, главно во воведувањето санкции кон Русија по агресијата во Украина или за други прашања поврзани со безбедноста на европскиот континент или нејзината надворешна политика, вклучително и позицијата за конфликтот во појасот Газа“, објави abcnews.al.
Оваа трета Меѓувладина конференција ќе биде втора за време на унгарското претседавање, по онаа што се одржа во Луксембург на 15 октомври, каде Албанија ги отвори петте поглавја, во кои беа вклучени судството и основните права, набавките, статистика, безбедност и финансиска контрола.
Овие ќе се сметаат и за најважните поглавја на патувањето на Албанија кон Европската унија, не само поради политичкиот предизвик туку и поради улогата што ќе ја имаат независните институции, главно од правосудството, во борбата против корупцијата и организираниот криминал, тероризмот, па дури и стандарди кои треба да ги обезбедат агенциите за спроведување на законот.
„Патот на Албанија кон Европската унија, кој беше одобрен во март 2020 година, се покажа успешен, но не без предизвици и тешкотии од страна на Унијата, која долги години ја поврзуваше судбината на Тирана со онаа на Скопје, а само пред два месеца, Албанија се одвои од Северна Македонија“, наведува телевизијата.
Во меѓувреме, иако отворањето на поглавјата за Албанија дојде по долго чекање, премиерот Рама во повеќе наврати изрази оптимизам дека преговарачкиот процес ќе биде завршен во 2027 година, како исполнување на амбицијата на неговата влада дека во 2030 година Албанија да биде членка со целосни права во Европската унија.
Слични новости
Црна Гора зафатена од снежна бура, се преврте и автобус кој превезувал ученици, за среќа без повредени
Поради голомразица, на патот Паљух – Гусаре, во околината на Петњица, се случи сообраќајна несреќа кога возач на автобус кој превезувал ученици изгубил контрола над возилото и излетал од патот, превртувајќи се на покривот. Среќа е што во инцидентот нема повредени.
Дванаесет мртви во експлозија во фабрика за муниција во Турција
Според државната телевизија TRT, гувернерот на Баликешир, Вали Исмаил Устаоглу, рекол дека експлозијата била предизвикана од механички проблеми
Хрватската војска ќе ги повика првите регрути во средината на 2025
Законската процедура потребна за враќање на обврската за служење на воен рок во Хрватска ќе биде покрената во јануари, по претседателските избори, а првите повици на регрутите се очекуваат во средината на 2025, соопштија од Министерството за одбрана на Хрватска.