Македонија и Црнагора ги прекинаа блокадите на граничните премини, додека превозниците на товар од Србија и Босна и Херцеговина продолжуваат да ги блокираат товарните терминали на граничните премини петти ден.

ЕК вчера објави нова визна стратегија што би го решила проблемот со ограничувањата за престој на професионалните возачи во Шенген зоната.

На 3 февруари во вторник, ќе се одржи состанок на министрите од сите земји од Западен Балкан со претставници на Европската комисија за проблемот на превозниците од регионот во Шенген зоната.

Новата визна стратегија на ЕУ што ја презентираше ЕК, како што беше најавено, ќе им помогне на превозниците од Западен Балкан, бидејќи „ЕУ сака да овозможи пофлексибилни правила за прекуграничните работници“.

 Возачите на камиони од  Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина почнаа да ги блокираат граничните премини во понеделникот, 26 јануари, сметајќи дека новиот систем за контрола на влез и излез во Шенген зоната дискриминира превозници од ЕУ.

 

Слични новости

Следува период на променливо и постудено време

Следува период на променливо и постудено време

Поради продор на постуден воздух од север на планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Од четврток утринските температури наместа ќе се спуштаат под нула степени.

Пратениците ќе одлучуваат за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика

Пратениците ќе одлучуваат за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика

Собранието денеска треба да одлучува за именување нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика за која функција предлог-кандидат е Ацо Ристов на местото на поранешниот Марко Бислимоски.