Витлеем, родното место на Исус Христос, го одбележа вториот Божиќ во сенка на војната во Газа и други конфликти на Блискиот Исток.
Празничната атмосфера беше значително спласната, без типичните божиќни светла и големи елки, а намален е и бројот на туристи кои годинава ја посетија Светата Земја.
Млади Палестинци маршираа низ улиците, носејќи транспаренти со пораки за мир. Градоначалникот Антон Салман нагласи дека пораката на Витлеем е за мир и надеж и дека светот мора да се ангажира за да стави крај на страдањата на палестинскиот народ.
На Божиќната Миса по полноќ, се собраа стотици луѓе. Израелските власти дозволија посета на Газа од страна на кардиналот Пицабала за Мисата, додека на небото постојано се слушаше зуењето на израелските дронови.
Неговата посета се совпаѓаше со изјавата на папата Франциск кој во саботата повторно ја критикуваше интервенцијата на Израел во Газа велејќи дека неговиот пратеник не успеал да влезе поради израелските бомбардирања.
Витлеем е значаен центар во историјата на христијанството, но христијаните сочинуваат само мал процент од околу 14 милиони луѓе кои живеат на Светата Земја.
Слични новости
Рекордни донации за инаугурацијата на Доналд Трамп
Репуликанецот Доналд Трамп по вторпат ќе ја преземе функцијата претседател на САД на 20. јануари, а за неговата инаугурација се собрани значително повеќе средства отколку за инаугурацијата на актуелниот претседател демократот Џо Бајден
Русија тврди дека спречила украински обиди за атентат врз високи функционери
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) во четвртокот соопшти дека спречила неколку заговори на украинските разузнавачки служби за убиство на високи руски офицери и нивните семејства во Москва користејќи скриени бомби
Во судирите во Тартус загинаа 14 сириски полицајци
Четиринаесет припадници на сириската полиција се убиени за време на судирите со силите на администрацијата на поранешниот претседател Башар ал-Асад во провинцијата Тартус, соопшти преодната администрација рано во четвртокот