Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина во втор круг гласање го усвои Предлог-законот за измени и дополнувања на Кривичниот законик, предложен од пратеникот Денис Звиздиќ, со кој се предвидува можност за откупување на казната затвор од една година.
Според предлогот, „изречената затворска казна до една година по барање на осуденото лице ќе се замени со парична казна која се плаќа во еднократен износ во рок од 30 дена“.
Звиздиќ претходно објасни дека со предложената измена на Кривичниот законик на БиХ се спречува откупување на затворска казна со парична казна во случаи како што се: поттикнување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост, меѓународна трговија со луѓе, шверц со луѓе, како и како и други кривични дела против човештвото и вредностите заштитени со меѓународното право.
Имајќи ги предвид специфичните околности на секој поединечен случај, за задолжително издржување на затворската казна ќе одлучува судот.
Слични новости
Грција предупредува на зголемена сеизмичка активност на Санторини
Грчките власти ги советуваа жителите на егејскиот остров Санторини да ги затворат училиштата во понеделник, да избегнуваат две мали пристаништа и да се воздржат од собирање во затворени простории по зголемената сеизмичка активност во областа последните денови
Блокадата на мостот Слобода во Нови Сад траеше цела ноќ, студентите спиеја на улица
Студенти на три новосадски факултети во блокада, со поддршка на своите колеги кои пеш пристигнаа од Белград, како и моторџии и граѓани, вчера ги блокираа сите три моста во Нови Сад, на денот кога поминаа три месеци од несреќата кај железничка станица во која загинаа 15 лица
Заврши блокадата на два од трите моста во Нови Сад – Жежељскиот и Варадинскиот се проодни, мостот Слобода ќе биде блокиран до утре попладне
Српските студенти денеска блокираа три моста во Нови Сад, по повод три месеци од уривањето на настрешница на градската железничка станица.