Двајца раководители на терминалите за контејнери се уапсени бидејќи биле вмешани во ланец на трговија со кокаин, соопшти грчката гранична полиција. Осомничените биле фатени додека ја ваделе дрогата од контејнерите со банани и ја превезувале од пристаништето, користејќу службено возило, пренесе Катимерини.
Полицијата во контејнерот откри дополнителни 24 килограми кокаин, освен оние што беа пронајдени во возилото на уапсените. Во рамки на широка истрага грчките власти прегледаа 50 контејнери кои стигнаа во пристаништето Пиреа од Еквадор на истата бродска линија.
Во друг контејнер полицијата пронајде уште 50 килограми кокаин. Во последните пет месеци, ова е шеста заплена на дрога сокриена во контејнери со банани од Латинска Америка во Грција.
Слични новости
Молдавија воведува вонредна состојба очекува прекин на испораките на руски гас
Прогласувањето вонредна состојба ѝ овозможува на владата брзо да реагира и да го ограничи извозот на енергија
Хрватски државјани уапсени во Шпанија за грабежи на куќи
Шпанската полиција соопшти дека уапсила шест хрватски државјани, „членови на патувачка криминална организација“, која ограбувала куќи на југот на Шпанија
Србија: Деветкратниот убиец Урош Блажиќ осуден на 20 години затвор
На деветкратниот убиец, 22-годишниот Урош Блажиќ беше прогласен за виновен откако ланскиот мај уби девет и рани 12 лица во селата Дубона и Мало Орашје во близина на Белград, откако во четвртокот ја призна вината му беше изречена затворска казна од 20 години