Двајца раководители на терминалите за контејнери се уапсени бидејќи биле вмешани во ланец на трговија со кокаин, соопшти грчката гранична полиција. Осомничените биле фатени додека ја ваделе дрогата од контејнерите со банани и ја превезувале од пристаништето, користејќу службено возило, пренесе Катимерини.
Полицијата во контејнерот откри дополнителни 24 килограми кокаин, освен оние што беа пронајдени во возилото на уапсените. Во рамки на широка истрага грчките власти прегледаа 50 контејнери кои стигнаа во пристаништето Пиреа од Еквадор на истата бродска линија.
Во друг контејнер полицијата пронајде уште 50 килограми кокаин. Во последните пет месеци, ова е шеста заплена на дрога сокриена во контејнери со банани од Латинска Америка во Грција.
Слични новости
Хрватска блокираше затворање на едно поглавје за Црна Гора
Црна Гора беше технички подготвена да ги затвори четирите поглавја, но Хрватска беше против затворање на поглавјето за надворешна, безбедносна и одбранбена политика
Црна Гора: Уапсени двајца поранешни министри за земјоделство
Двајцата поранешни црногорски министри за земјоделство, Милутин Симовиќ и Петар Ивановиќ, по наредба на Специјалното државно обвинителство на Црна Гора за организиран криминал, во петокот биле уапсени од припадници на Специјалниот подлициски оддел (СПО)
Србија: Блокадите на факултетите сѐ помасовни, актерите застанаа покрај студентите
Здружението на драмски уметници на Србија ги повика сите свои членови да им оддаваат почит на жртвите од падот на настрешницата на новосадската железничка станица пред нивните театри секоја вечер, 15 минути пред почетокот на претставите, во костими и да ги поддржат студентските протести