
Двајца раководители на терминалите за контејнери се уапсени бидејќи биле вмешани во ланец на трговија со кокаин, соопшти грчката гранична полиција. Осомничените биле фатени додека ја ваделе дрогата од контејнерите со банани и ја превезувале од пристаништето, користејќу службено возило, пренесе Катимерини.
Полицијата во контејнерот откри дополнителни 24 килограми кокаин, освен оние што беа пронајдени во возилото на уапсените. Во рамки на широка истрага грчките власти прегледаа 50 контејнери кои стигнаа во пристаништето Пиреа од Еквадор на истата бродска линија.
Во друг контејнер полицијата пронајде уште 50 килограми кокаин. Во последните пет месеци, ова е шеста заплена на дрога сокриена во контејнери со банани од Латинска Америка во Грција.
Слични новости
Поплави на Парос и Миконос
Грчките острови Парос и Миконос, популарни меѓу туристите во текот на летната сезона, во понеделникот вечерта беа погодени од поројни поплави
Србија ќе добие 111 милиони евра од Планот за раст на Западен Балкан
До крајот на седмицата на Србија ќе и бидат исплатени 111 милиони евра од Европскаа унија од Планот за раст за Западен Балкан, благодарение на усвојувањето на реформите
Турција го приведе адвокатот на притворениот градоначалник на Истанбул
Турските власти го приведоа адвокатот на притворениот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, главниот политички ривал на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, изјави во петокот пратеник од главната опозициска Републиканска народна партија (CHP)