Глобалното производство на нафта во април падна за дополнителни 1,8 милиони барели дневно, со што вкупните загуби од февруари достигнаа 12,8 милиони барели дневно, соопшти Меѓународната агенција за енергетика.

Агенцијата објави прогниза според која глобалното произвдство на нафта во 2026 ќе падне за 3,9 милиони барели дневно, а прогнозата агенцијата ја базира на оптимистичките очекувања дека транспортот на нафтата низ Ормутскиот теснец ќе се нормализира од јуни месец.

Во извештајот на агенцијата е наведено дека земјите на Блискиот исток во моментов произведуваат 14,4 милиони барели нафта помалку од почетокот на конфликтот со Иран.

Слични новости

Цената на нафтата надмина 110 долари за барел

Цената на нафтата надмина 110 долари за барел

Утрово на берзите нафтата од типот Брент порасна за 1,7% на 110, 1 долар, а цената на американската сурова нафта Фјучерси WTI порасна за 1,6 % на околу 98 долари за барел, достигнувајќи двонеделен максимум.