Речиси 300 англиски пабови се затворени во 2024 година, со изгубени околу 4.500 работни места, објави во понеделникот британското здружение на угостителите.
Последната рунда лани ја послужиле 289 пабови во Англија и Велс минатата година, пресметале во здржужението British Beer and Pub Association (BBPA). До крајот на декември тие проценуваа дека 412 пабови ги затвориле вратите.

Од почетокот на 2020 година и почетокот на кризата со коронавирусот, Британија остана без нешто повеќе од две илјади пабови. Најмногу минатата година биле затворени во Лондон, вкупно 34, покажаа конечните податоци. Во декември, BBPA процени дека 55 од нив го ставиле клучот во бравата.
Сопствениците ги затвораа под притисок на повисоките трошоци за задолжување и високите сметки за енергија. Проблем беше и послабата побарувачка, велат од здружението, посочувајќи дека граѓаните повеќе штедат поради повисоките трошоци за хипотека и кирии.
Во април, пабовите ќе бидат погодени од повисоки придонеси за здравствено осигурување и зголемена минимална плата, при што BBPA проценува дека буџетските одредби на владата ќе ги чинат 650 милиони фунти (781 милион евра).
Многу бизниси ќе се соочат со уште повисоки трошоци од април, и затоа што даночните олеснувања во секторите угостителство, одмор и малопродажба ќе се намалат од 75 на 40 проценти.
Владата, исто така, треба да го измени данокот на имот на деловните субјекти во центрите на градовите, вклучително и пабовите, за да го олесни товарот на секторот, според здружението.
Затворањето голем број пабови може да се избегне бидејќи прометот е добар, нагласи извршната директорка на BBPA, Ема Мекларкин. Граѓаните сакаат да посетуваат пабови, но профитот на угостителите го голтаат астрономските сметки, а од април ќе се соочат со уште поголеми трошоци и давачки, вели Мекларкин.
Владата мора итно да воведе „разумни“ даночни стапки и постепено да ги воведе новите трошоци за вработување, за да можат пабовите да продолжат да ја поддржуваат економијата, работните места и да ја задржат својата позиција како „срце“ на заедницата, порачуваат од BBPA.

Слични новости
Словачкиот поет Иван Штрпка е добитник на „Златниот венец“ на СВП за 2025
Советот за доделување на СВП одлучил „Златниот венец“ да му биде доделен на Штрпка за неговиот богат, автентичен и значаен поетски корпус создаван во текот на шест децении, меѓу 1960 и 2025 година
Саемот на книгата во Лајпциг го ограничи бројот на влезниците поради големата побарувачка
Саемот на книгата во Лајпциг го ограничува бројот на достапни влезници првпат во својата историја поради зголемената побарувачка
Првата трансплантиција на модифициран свински црн дроб на човек изведена во Кина
Кинески лекари ја извршија првата трансплантација на свински црн дроб на човек, објавија научниците од Воено-медицинскиот универзитет Ксиан во северозападна Кина