Во Австралија започна снимањето на научнофантастичниот трилер „Стармен“ според оригиналното сценарио на Џош Вејкли кој е и режисер на филмот.
Главните улоги во филмот ги толкуваат оскаровецот Брендан Фрејзер, ветеранот Џеф Даниелс кој е двоен добитник на наградата Еми и ирската актерка Еислинг Би.
Дејствието на филмот го следи Том Адамс ( кого го глуми Брендан Фрејзер) архитект од иднината кој предводи историска експедиција на Марс, каде што човештвото ги поставува своите нови цивилизациски граници.
Слични новости
Евтаназијата легализирана во цела Австралија
Според усвоените одредби, барање може да поднесат полнолетни лица заболени од неизлечива болест, за која се проценува дека ќе доведе до смрт во рок од најмногу 12 месеци. Исполнетоста на барањето мора да го потврдат двајца независни лекари.
„Мета“ се согласи на судска спогодба, ќе плати и над 16 милијарди долари
Американската компанија Мета, во чија сопственост се мрежите Фејсбук и Инстаграм, се согласи да плати максимум 16,68 милијарди долари и да воведе значајни промени на своите платформи за да го заврши спорот со 29 американски држави кои ја обвинија дека ги дизајнирала социјалните мрежи да создадат зависност кај децата.
Повеќе од 20 000 луѓе во најголемата светска борба со домати
Камиони полни со домати минуваа низ масата луѓе, додека луѓето од нив фрлаа домати врз насобраните, пренесуваат шпанските медиуми. Оваа година во борбата биле искористени 165 тони домати.


