Во Австралија започна снимањето на научнофантастичниот трилер „Стармен“ според оригиналното сценарио на Џош Вејкли кој е и режисер на филмот.
Главните улоги во филмот ги толкуваат оскаровецот Брендан Фрејзер, ветеранот Џеф Даниелс кој е двоен добитник на наградата Еми и ирската актерка Еислинг Би.
Дејствието на филмот го следи Том Адамс ( кого го глуми Брендан Фрејзер) архитект од иднината кој предводи историска експедиција на Марс, каде што човештвото ги поставува своите нови цивилизациски граници.
Слични новости
Роверот Персевиранс ги соборува рекордите во возење по Марс
Роверот Персевиранс кој има големина на автомобил, слета на Марс во февруари 2021 и наскоро ќе ја надмине границата од поминати 45 километри на површината на Марс. Клучот на овој успех е во напредната технологија на автономно возење, објасни НАСА.
„Спајдермен: Бренд њу деј“ ги урна сите рекорди и стана најуспешен филм во првата недела од прикажувањето во историјата на Бокс офисот
Филмот има огромна гледаност и на пазарите надвор од САД каде што заработи 706 милиони долари и веќе ја надмина заработката од 1,2 милијарди долари, со што за само седум дена стана најуспешен филм на Бокс офисот во 2026.
Џорџиа Вигам и Кевин Бејкон ќе ги играат главните улоги во новиот хорор на Амазон МГМ „Вештерот“
Филмот се работи според сценариото на Џереми Слејтер, кој ќе биде и режисер на филмот, а има големо искуство во овој жанр и ги режираше „Мортал Комбат 2“ и „Амбрела академи“.


