Од среда, 12-ти ноември, воздухопловната компанија „Ryanair“ повеќе нема да издава хартиени билети, туку само дигитални за качување во авионот, кои патниците ќе ги добиваат преку својот профил/сметка во апликацијата „Ryanair“.

„Ryanair“, како една од водечките европски авиокомпании, првично најави премин на исклучиво дигитални билети за првите денови од ноември. Потоа бјавија дека ќе почнат да го прават тоа на 12-ти ноември, бидејќи од тогаш можат да обезбедат „беспрекорен премин“ на само дигитални билети поради периодот со помал сообраќај по густата летна сезона.

„За да обезбедиме непречен премин кон сто отсто дигитални билети за патниците во авионите, решивме да го сториме тоа од 12-ти ноември, бидејќи ова е традиционално потивко време за патување по летните одмори. Веруваме дека ова ќе им обезбеди побрзо, попаметно и поеколошки искуство за патување на патниците што ја користат нашата апликација“, изјави директорката за маркетинг на „Ryanair“, Дара Брејди.

Ова значи дека од средината на следната седмица, патниците на „Ryanair“ на сите летови повеќе нема да можат да ги преземаат или печатат своите билети за летовите во физичка хартиена форма, туку ќе користат само дигитален билет којшто ќе биде во нивната апликација „myRyanair“.

Таквиот „потег“ е најновиот чекор во дигиталната трансформација на „Ryanair“, откако тие веќе воведоа неколку нови функции во нивната апликација насочени кон подобрување на искуството со патувањето на патниците, од нарачување храна и пијалоци на летот преку мобилната апликација, до ажурирања на летот во реално време, вклучувајќи влез во авионот, излези, доцнења и какви и да се други прекини во сообраќајот.

За патниците што патуваат со овој превозник, ова не е голема вест бидејќи, како што вели компанијата, околу 80 проценти од нивниот вкупен број од над 206 милиони патници (годишно) веќе користеле дигитални билети за летивите (на мобилни телефони во апликацијата), а со целосно преминување на дигиталните билети од 12-ти ноември го следат примерот на другите индустрии што продаваат билети за фестивали, музички и спортски настани, концерти, натпревари итн.

globe

Слични новости

Швајцарските компании ги неутрализираат американските царини со селење на производството

Швајцарските компании ги неутрализираат американските царини со селење на производството

Швајцарските компании планираат да преместат дел од своите операции и производство во странство за да го ублажат влијанието на американските царини, според анкета на деловната асоцијација economysuisse

Цените на нафтата на 64 долари

Цените на нафтата на 64 долари

Цените на нафтата се искачија на 64 долари во петокот на меѓународните пазари, а инвеститорите шпекулираат дека намалената понуда од Венецуела во случај на воена интервенција на САД ќе ги принуди кинеските и американските рафинерии да бараат замена