Во Абу Даби денеска продолжи трилатералната средба за постигнување мировно решение за Украина на која учествуваат украинска, руска и американска делегација, јави Ројтерс.

И денешните разговори се одвиваат зад затворени врати како и вќерашните јавуваат руските новински агенции, повикувајќи се на учесници во разговорите.

Москва соопшти дека форматот на состанокот е избран со согласност на сите три страни, при што САД се во улога на посредник во преговорите.

Во Абу Даби се одржуваат низа состаноци во различни формати.

Слични новости