Студијата Дизни и Лукасфилм објавија дека за првите четири дена од прикажувањето нивниот најнов филм од франшизата Војна на ѕвездите „ Мандалоринецот и Грогу“ стигна до заработка од 100 милиони долари на американскиот Бокс офис и до 65 милиони долари во странство за тотална заработка од 165 милиони доларина премиерниот викенд.
Првичните бројки во петокот најавуваа дека филмот ќе биде најлошо отварање на еден филм од франшизата „Војна на ѕвездите“, полош дури и од „Соло: Приказна за војна на ѕвездите“ од 2018 кој на крајот заврши со загуба бидејќи неговата продукција чинеше 275 милиони долари.
„Мандо“ е многу поевтин и неговата продукција чинеше 165 милиони долари. И покрај скромното отварање, Дизни се надева дека филмот ќе биде успех, бидејќи во моментов филмовите подолго играат на Бокс офисот. Филмот доби буст и од критичарите. Ротен томејтоус му даде 89 проценти, што е највиското за било кој филм од франшизата.
Слични новости
Американскиот синдикат на актери ќе го преиспита прелиминарниот договор со стриминг сервисите
Доколку актерите го потврдат договорот американската филмска индустрија би го избегнала повторувањето на големите штрајкови од 2023, кои донесоа големи пореметувања на продукцијата во Холивуд.
„Ѓаволот носи Прада 2“ го отвори летниот Боск офис со огромен успех
„Ѓаволот носи Прада 2“ на студијата „Дизни“ и „20-век“ го отвори летниот Бокс офис со одлични резултати, заработка од 77 милиони долари во премиерниот викенд во САД и 156,6 милиони долари надвор од САД за заработка од 233,6 милиони долари во првиот викенд.
Биопикот за Макјл Џексон стигна до заработка од 400 милиони долари за две недели прикажување
Биопикот за Мајкл Џексон викендов заработи високи 54 милиони долари на американскиот Бокс офис и филмот веќе има заработка над 400 милиони долари глобално, што го прави еден од најуспешните биопици за музичка ѕвезда на сите времиња.


