Најновиот филм од франшизата „Војна на ѕвездите“ које адаптација на серијата на Дизни „Мандалоријанецот и Грогу“ ќе ја има премиерата овој викенд. Филмските студија Дизни и Лукасфилм се надеваат на заработка од преку 80 милиони долари за викендот.

Оптимизмот се базира на ликот на Грогу, кој е бебе Јода, за кој се надеваат дека ќе привлече многу семејства со деца и дека Грогу ќе стане нова културна икона кај најмалите гледачи.

Франшизата „Војна на ѕвездите“ излегува со нов блокбастер по седум години пауза по успехот на „Успонот на Скајвокер“.

Режисер на филмот е Џон Фавро, а критиката го оцени филмот како подобрена верзија на една од епизодите на серијата, која е многу забавна.

Слични новости

Идната недела светска премиера на „Мандалоријанецот и Грогу“ прв филм од франшизата „Војна на ѕвездите“ по седум години

Идната недела светска премиера на „Мандалоријанецот и Грогу“ прв филм од франшизата „Војна на ѕвездите“ по седум години

Филмот „Мандалоријанецот и Грогу“ на американскиот режисер Џон Фаворо започна со затворени проекции за филмските критичари, пред светската премиера на филмот која е закажана за 22 мај.