Поради зголемената сеизмичка активност, со одлука на генералниот секретар за цивилна заштита на Грција Василис Папагеоргиу, на Санторини е прогласена вонредна состојба, додека од општината објаснија дека станува збор за „чисто административна одлука со цел забрзување на потребните процедури за преземање итни и ефективни мерки“.

Од општината додадоа дека дополнително, целта е и да се олесни координацијата на надлежните органи и побрзо да се решаваат прашањата поврзани со земјотресите.
Одлуката на цивилната заштита ќе биде во сила до 3 март годинава и е „за справување со вонредните потреби и управување со последиците што произлегоа од сеизмичката активност“.
Во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос и во текот на денешниот ден се регистрирани низа земјотреси, но сите под пет степени според Рихтер.
Неофицијално, утре островот ќе го посети грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.
Слични новости
Грција: За 20 отсто намалени мигрантските бранови од почетокот на годинава
На почетокот на годинава, мигрантските бранови во Грција биле намалени споредбено со лани, според министерот за миграција и азил на Грција, Никос Панајотопулос
Додик се закани со забрана на Судот и Обвнителството на БиХ во РС, ако биде осуден
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска изјави дека ако биде осуден пред Судот на Босна и Херцеговина поради неизвршување на одлуките на Високиот претставник Кристијан Шмит, РС ќе ја забрани работата на државниот суд и обвинителството, како и на државните безбедносни агенции
Руте: Стабилноста на Косово, БиХ и Србија е од заеднички интерес
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте изјави дека стабилноста во Косово, Босна и Херцеговина и Србија е од суштинско значење за сите