Поради зголемената сеизмичка активност, со одлука на генералниот секретар за цивилна заштита на Грција Василис Папагеоргиу, на Санторини е прогласена вонредна состојба, додека од општината објаснија дека станува збор за „чисто административна одлука со цел забрзување на потребните процедури за преземање итни и ефективни мерки“.

Од општината додадоа дека дополнително, целта е и да се олесни координацијата на надлежните органи и побрзо да се решаваат прашањата поврзани со земјотресите.
Одлуката на цивилната заштита ќе биде во сила до 3 март годинава и е „за справување со вонредните потреби и управување со последиците што произлегоа од сеизмичката активност“.
Во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос и во текот на денешниот ден се регистрирани низа земјотреси, но сите под пет степени според Рихтер.
Неофицијално, утре островот ќе го посети грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.
Слични новости
Снегот во Турција го парализира сообраќајот
Поради обилните врнежи од снег кои трет ден ја зафатија Турција, бродскиот сообраќај на Босфорот е затворен во двата правци, соопшти Генералната дирекција за крајбрежна безбедност.
Активистите на екстремната десница го демолираа седиштето на ЕУ во Софија
Насобраните се обидоа насилно да влезат во зградата во која се наоѓа претставништвото на ЕУ во Софија. Потоа беше фрлен молотов коктел и беше запалена влезната врата, прозорците на првиот спрат беа скршени, а зградата беше испрскана со црвена боја
Илјадници Романци излегоа да го поддржат Калин Георгеску
Митингот во Букурешт уследи откако потпретседателот на САД Џеј Ди Ванс ја нападна Романија поради откажување на изборите, „поради огромниот притисок на романските соседи“.