Поради зголемената сеизмичка активност, со одлука на генералниот секретар за цивилна заштита на Грција Василис Папагеоргиу, на Санторини е прогласена вонредна состојба, додека од општината објаснија дека станува збор за „чисто административна одлука со цел забрзување на потребните процедури за преземање итни и ефективни мерки“.

Од општината додадоа дека дополнително, целта е и да се олесни координацијата на надлежните органи и побрзо да се решаваат прашањата поврзани со земјотресите.
Одлуката на цивилната заштита ќе биде во сила до 3 март годинава и е „за справување со вонредните потреби и управување со последиците што произлегоа од сеизмичката активност“.
Во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос и во текот на денешниот ден се регистрирани низа земјотреси, но сите под пет степени според Рихтер.
Неофицијално, утре островот ќе го посети грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.
Слични новости
Додик: Нема лично да се жалам на пресудата
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави дека лично нема да се жали на пресудата со која е осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за вршење политичка функција и дека Народното собрание на Република Српска одлучило да го отфрли случајот против него пред Судот на БиХ
Само поштарината за гласањето на албанската дијаспора ќе чини 12,5 милиони евра
Парламентарните избори на 11. мај, Албанија ќе ја чинат повеќе од планираниот износ, посебно поради гласањето на дијаспората, за што поштенските трошоци паѓаат на товар на Централната изборна комисија
Романското обвинителство ги приведе десничарски претседателски кандидат
Романското обвинителство во средата го приведе десничарскиот претседателски кандидат Калин Џорџеску на сослушување како дел од пошироката истрага за поништените избори, соопштија судски извори