Поради зголемената сеизмичка активност, со одлука на генералниот секретар за цивилна заштита на Грција Василис Папагеоргиу, на Санторини е прогласена вонредна состојба, додека од општината објаснија дека станува збор за „чисто административна одлука со цел забрзување на потребните процедури за преземање итни и ефективни мерки“.

Од општината додадоа дека дополнително, целта е и да се олесни координацијата на надлежните органи и побрзо да се решаваат прашањата поврзани со земјотресите.
Одлуката на цивилната заштита ќе биде во сила до 3 март годинава и е „за справување со вонредните потреби и управување со последиците што произлегоа од сеизмичката активност“.
Во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос и во текот на денешниот ден се регистрирани низа земјотреси, но сите под пет степени според Рихтер.
Неофицијално, утре островот ќе го посети грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.
Слични новости
Во Хрватска нов бојкот на пекарниците и продавниците за пекарски производи
На нов бојкот во Хрватска повикува Платформата „Ало, инспекторе“, која со недели организира бојкот на продавниците, овојпат на пекарниците и продажбата на пекарски производи во продавниците
Косовското обвинителство отвора истрага за техничките проблеми на сајтот на изборната комисија
Основното Обвинителство во Приштина ја овласти косовската полиција да започне истрага за паѓањето на веб-страницата на Централната изборна комисија (ЦИК) на Косово, што се случи за време на пребројувањето на гласовите од парламентарните избори одржани во неделат
Романската полицијата изврши претрес во домот на шефот на кампањата на Калин Џорџеску
Романската полиција рано претпладнето во вторникот извршила претрес во домот на Раду Пали, шеф на предизборната кампања на изненадувачкиот победник на првиот круг на поништените претседателски избори во Романија, Калин Џорџеску, пренесуваат локалните медиуми