Поради зголемената сеизмичка активност, со одлука на генералниот секретар за цивилна заштита на Грција Василис Папагеоргиу, на Санторини е прогласена вонредна состојба, додека од општината објаснија дека станува збор за „чисто административна одлука со цел забрзување на потребните процедури за преземање итни и ефективни мерки“.

Од општината додадоа дека дополнително, целта е и да се олесни координацијата на надлежните органи и побрзо да се решаваат прашањата поврзани со земјотресите.
Одлуката на цивилната заштита ќе биде во сила до 3 март годинава и е „за справување со вонредните потреби и управување со последиците што произлегоа од сеизмичката активност“.
Во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос и во текот на денешниот ден се регистрирани низа земјотреси, но сите под пет степени според Рихтер.
Неофицијално, утре островот ќе го посети грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.
Слични новости
За две седмици над регистирани над 15 илјади земјотреси во морето кај грчки Санторини
Грчките сеизмолози изминатите денови истакнуваат дека конкретната појава може да трае со седмици, па дури и месеци
Градоначалникот на Тирана останува во притвор
Специјалниот суд против организиран криминал и корупција доцна синоќа ја потврди претходно донесената мерка, со која градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, останува во затворски притвор
Српската полиција уапси за корупција видни членови на владејачката партија
Медиумите блиски до српскиот претседател Александар Вучиќ веднаш го поврзаа апсењето директно со неодамнешната најава на Вучиќ за сеопфатна борба против корупцијата