Поради зголемената сеизмичка активност, со одлука на генералниот секретар за цивилна заштита на Грција Василис Папагеоргиу, на Санторини е прогласена вонредна состојба, додека од општината објаснија дека станува збор за „чисто административна одлука со цел забрзување на потребните процедури за преземање итни и ефективни мерки“.

Од општината додадоа дека дополнително, целта е и да се олесни координацијата на надлежните органи и побрзо да се решаваат прашањата поврзани со земјотресите.
Одлуката на цивилната заштита ќе биде во сила до 3 март годинава и е „за справување со вонредните потреби и управување со последиците што произлегоа од сеизмичката активност“.
Во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос и во текот на денешниот ден се регистрирани низа земјотреси, но сите под пет степени според Рихтер.
Неофицијално, утре островот ќе го посети грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.
Слични новости
Вучиќ од Бања Лука ги предупреди студентите дека нивните протести се платени од странство, Додик го поддржа
Српскиот претседател Александар Вучиќ во четвртокот предупреди дека студентските протести во неговата земја се всушност резултат на заговор поттикнат од странство, додека лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, му даде безусловна поддршка, обвинувајќи ги студентите дека ја ослабуваат Србија
Црногорските студенти со блокада пред владата
Неформална група црногорски студенти наречена „Каде утре?“ организираше неколкучасовна блокада на сообраќајницата пред зградата на тамошната влада во Подгорица поради наводно неисполнетите барања
За две седмици над регистирани над 15 илјади земјотреси во морето кај грчки Санторини
Грчките сеизмолози изминатите денови истакнуваат дека конкретната појава може да трае со седмици, па дури и месеци