Поради зголемената сеизмичка активност, со одлука на генералниот секретар за цивилна заштита на Грција Василис Папагеоргиу, на Санторини е прогласена вонредна состојба, додека од општината објаснија дека станува збор за „чисто административна одлука со цел забрзување на потребните процедури за преземање итни и ефективни мерки“.

Од општината додадоа дека дополнително, целта е и да се олесни координацијата на надлежните органи и побрзо да се решаваат прашањата поврзани со земјотресите.
Одлуката на цивилната заштита ќе биде во сила до 3 март годинава и е „за справување со вонредните потреби и управување со последиците што произлегоа од сеизмичката активност“.
Во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос и во текот на денешниот ден се регистрирани низа земјотреси, но сите под пет степени според Рихтер.
Неофицијално, утре островот ќе го посети грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.
Слични новости
Србија: Уапсена група осомничени за злоупотреби вредни над два милиони евра
Во неколку српски градови во петокот, во втората акција оваа седмица, уапсени се уште 13 лица осомничени за злоупотреби вредни над два милиони евра, соопшти главниот обвинител на Вишото јавно обвинителство
Во Хрватска бојкот на пекарниците и четврти бојкот на продавниците
На повик на платформата „Halo inspektore“, во петокот во Хрватска се одржува еднодневен бојкот на продавниците, кој овојпат, на повик на средношколците, вклучува и бојкот на пекарниците и сите пекарски производи на сите продажни места
Сијарто: Студентските протести се обид за дестабилизација на Србија
Гледам дека станува збор за дестабилизација на Србија и колку што разбирам тоа не се поттикнува само одвнатре, туку и однадвор изјави Сијарто во интервју за РТС.