Поради зголемената сеизмичка активност, со одлука на генералниот секретар за цивилна заштита на Грција Василис Папагеоргиу, на Санторини е прогласена вонредна состојба, додека од општината објаснија дека станува збор за „чисто административна одлука со цел забрзување на потребните процедури за преземање итни и ефективни мерки“.

Од општината додадоа дека дополнително, целта е и да се олесни координацијата на надлежните органи и побрзо да се решаваат прашањата поврзани со земјотресите.
Одлуката на цивилната заштита ќе биде во сила до 3 март годинава и е „за справување со вонредните потреби и управување со последиците што произлегоа од сеизмичката активност“.
Во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос и во текот на денешниот ден се регистрирани низа земјотреси, но сите под пет степени според Рихтер.
Неофицијално, утре островот ќе го посети грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.
Слични новости
Лавров: Русија и Србија договораат како да се избегнат штетите од санкциите врз НИС
Лавров изјави денеска дека Русија и Србија се договорија да продолжат заеднички да работат за да се избегне штетата врз заедничките интереси од американските санкции врз НИС.
Силен земјотрес во близина на Санторини, за 19 дена над 19.200 потреси
Земјотрес со јачина од 5,1 степен беше регистриран кусо пред 10 часот утрово во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини и Аморгос
За Рама изборот на Трамп е „најдарежливиот божји чин“ кон ЕУ и шанса Европа да се разбуди
Албанскиот премиер Еди Рама, говорејќи на панелот „Проширување на Европската унија“ на безбедносната конференција во Минхен, рече дека изборот на Доналд Трамп за претседател на САД е „најдарежливиот божји чин кон ЕУ“