Поради зголемената сеизмичка активност, со одлука на генералниот секретар за цивилна заштита на Грција Василис Папагеоргиу, на Санторини е прогласена вонредна состојба, додека од општината објаснија дека станува збор за „чисто административна одлука со цел забрзување на потребните процедури за преземање итни и ефективни мерки“.

Од општината додадоа дека дополнително, целта е и да се олесни координацијата на надлежните органи и побрзо да се решаваат прашањата поврзани со земјотресите.

Одлуката на цивилната заштита ќе биде во сила до 3 март годинава и е „за справување со вонредните потреби и управување со последиците што произлегоа од сеизмичката активност“.

Во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос и во текот на денешниот ден се регистрирани низа земјотреси, но сите под пет степени според Рихтер.

Неофицијално, утре островот ќе го посети грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

globe

Слични новости

БиХ: Судот утре ја објавува пресудата за Додик кој најавува „радикални мерки“ доколку биде осуден

БиХ: Судот утре ја објавува пресудата за Додик кој најавува „радикални мерки“ доколку биде осуден

Суд во Босна и Херцеговина утре ќе ја заврши едногодишната судска постапка против лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, кој е обвинет за непочитување на одлуките на високиот претставник. Доколку биде прогласен за виновен, Додик и неговите најблиски соработници најавуваат „радикални мерки“

Штрајк на новинарите во Грција

Штрајк на новинарите во Грција

Штрајкот започна од 5 часот и ќе трае до среда наутро, а во овие 24-часа на телевизиите нема да се емитуваат вести и информативни емисии, а учествуваат и голем дел од информативните портали