Поради зголемената сеизмичка активност, со одлука на генералниот секретар за цивилна заштита на Грција Василис Папагеоргиу, на Санторини е прогласена вонредна состојба, додека од општината објаснија дека станува збор за „чисто административна одлука со цел забрзување на потребните процедури за преземање итни и ефективни мерки“.

Од општината додадоа дека дополнително, целта е и да се олесни координацијата на надлежните органи и побрзо да се решаваат прашањата поврзани со земјотресите.
Одлуката на цивилната заштита ќе биде во сила до 3 март годинава и е „за справување со вонредните потреби и управување со последиците што произлегоа од сеизмичката активност“.
Во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос и во текот на денешниот ден се регистрирани низа земјотреси, но сите под пет степени според Рихтер.
Неофицијално, утре островот ќе го посети грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.
Слични новости
Радев е категорично против испраќање бугарски војници во Украина
Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека е категорично против испраќање бугарски војници во Украина, без разлика на формата
Милановиќ положи заклетва за вториот мандат како претседател на Хрватска
Зоран Милановиќ денеска свечено положи заклетва за втор мандат претседател на Хрватска пред претседателот на Уставниот суд, Мирослав Шепаровиќ, ветувајќи лојалност кон Уставот и оти ќе ја извршува должност за доброто на хрватскиот народ и хрватските граѓани
Во Турција уапсени речиси 300 осомничени за тероризам
Во изминатите пет дена турските власти уапсија речиси 300 „осомничени членови на терористички организации“ во акција насочена против Работничката партија на Курдистан