Инспектори на Државниот санитарен и здравствен инспекторат денеска вршат вонреден инспекциски надзор во Општата болница во Струга по смртта на четиригодишното дете на Детското одделение. Тоа за МИА го потврди директорот на Инспекторатот Кирил Лазов, посочувајќи дека штом ќе заврши надзорот и ќе имаат нешто поконкретно ќе излезат со дополнителни информации.
Во изјава за МИА, тој посочи дека детето било однесено во многу тешка состојба со подраширени зеници и оти борбата на лекарите да го вртат во животот била неуспешна. Детето било родено во Италија со тешка форма на церебрална парализа, каде докторите им соопштиле на родителите дека ќе живее три до шест месеци.
-Детето во Болницата во Струга е донесено во многу тешка форма со подраширени зеници, ослабено срце и загрозени сите витални параметри. И покрај долгата реанимација и борбата на лекарите да го вратат во живот било неуспешно. Имало тешка форма на респираторна инфекција со загрозени сите витални параметри. Родителите биле свесни околу состојбата, информира Бунчески.
Случајот во полиција вчера во 9 часот и 50 минути бил пријавен од медицински лица од Општата болница во Струга.
Увид извршил јавен обвинител и во координација со семејството телото не е предадено на обдукција. Не била констатирана лекарска грешка, биле преземени сите здравствени мерки.
Слични новости
Хаос во Фондот за ПИОМ, над 820.000 евра исплатени на лица кои не се појавувале на работа
Државните ревизори откриле сериозни слабости и неправилности во работењето на Фондот, кои укажуваат на долгорочни структурни и проблеми во управувањето со оваа институција
Филипче: Најавениот бојкот на маркети е најголем пораз на погрешните политики на власта
Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на својот фејсбук профил објави дека најавениот бојкот на маркети е најголем пораз на погрешните политики на власта и кулминација на незадоволството на граѓаните.
Мицкоски: Не отстапувам ни милиметар од ставот за уставните измени, бараме достоинствено решение
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска го повтори ставот во однос на уставните измени во контекст на продолжување на преговорите со Европската унија, потенцирајќи дека се бара достоинствено решение, а тоа се уставни измени со одложено дејство