Инспектори на Државниот санитарен и здравствен инспекторат денеска вршат вонреден инспекциски надзор во Општата болница во Струга по смртта на четиригодишното дете на Детското одделение. Тоа за МИА го потврди директорот на Инспекторатот Кирил Лазов, посочувајќи дека штом ќе заврши надзорот и ќе имаат нешто поконкретно ќе излезат со дополнителни информации.
![Глобе болница Струга](https://mlpilwjrpqeu.i.optimole.com/cb:zVRG.7fa6/w:auto/h:auto/q:mauto/ig:avif/https://globe.mk/wp-content/uploads/2025/02/Глобе-болница-Струга.webp)
Во изјава за МИА, тој посочи дека детето било однесено во многу тешка состојба со подраширени зеници и оти борбата на лекарите да го вртат во животот била неуспешна. Детето било родено во Италија со тешка форма на церебрална парализа, каде докторите им соопштиле на родителите дека ќе живее три до шест месеци.
-Детето во Болницата во Струга е донесено во многу тешка форма со подраширени зеници, ослабено срце и загрозени сите витални параметри. И покрај долгата реанимација и борбата на лекарите да го вратат во живот било неуспешно. Имало тешка форма на респираторна инфекција со загрозени сите витални параметри. Родителите биле свесни околу состојбата, информира Бунчески.
Случајот во полиција вчера во 9 часот и 50 минути бил пријавен од медицински лица од Општата болница во Струга.
Увид извршил јавен обвинител и во координација со семејството телото не е предадено на обдукција. Не била констатирана лекарска грешка, биле преземени сите здравствени мерки.
Слични новости
Ратификувана Спогодбата со ЕУ за Инструментот за реформи и раст, утре ќе се носат измените на законот за инспекциски надзор
Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за инспекциски надзор, по скратена постапка, сега треба да се одржи амандманска расправа на Комисијата за политички систем и и да биде разгледан на Законодавно-правната комисија
Капитацијата за матичните лекари ќе се зголеми од 75 на 100 денари
Министерот за Здравство Арбен Таравари во соработка со претставници од здравствениот сектор најави зголемување на капитацијата за матичните лекари за 20 до 25 денари, информираше Вреди преку соопштение.
Хаос во Фондот за ПИОМ, над 820.000 евра исплатени на лица кои не се појавувале на работа
Државните ревизори откриле сериозни слабости и неправилности во работењето на Фондот, кои укажуваат на долгорочни структурни и проблеми во управувањето со оваа институција