Инспектори на Државниот санитарен и здравствен инспекторат денеска вршат вонреден инспекциски надзор во Општата болница во Струга по смртта на четиригодишното дете на Детското одделение. Тоа за МИА го потврди директорот на Инспекторатот Кирил Лазов, посочувајќи дека штом ќе заврши надзорот и ќе имаат нешто поконкретно ќе излезат со дополнителни информации.

На Детското одделение во Струшката болница вчера почина четиригодишно дете кое, според директорот Владимир Бунчески, имало тешка форма на церебрална парализа и загрозени витални параметри.

Во изјава за МИА, тој посочи дека детето било однесено во многу тешка состојба со подраширени зеници и оти борбата на лекарите да го вртат во животот била неуспешна. Детето било родено во Италија со тешка форма на церебрална парализа, каде докторите им соопштиле на родителите дека ќе живее три до шест месеци.

-Детето во Болницата во Струга е донесено во многу тешка форма со подраширени зеници, ослабено срце и загрозени сите витални параметри. И покрај долгата реанимација и борбата на лекарите да го вратат во живот било неуспешно. Имало тешка форма на респираторна инфекција со загрозени сите витални параметри. Родителите биле свесни околу состојбата, информира Бунчески.

Случајот во полиција вчера во 9 часот и 50 минути бил пријавен од медицински лица од Општата болница во Струга.

Увид извршил јавен обвинител и во координација со семејството телото не е предадено на обдукција. Не била констатирана лекарска грешка, биле преземени сите здравствени мерки.

globe

Слични новости

Минималната плата ќе биде онаа што ќе ја договорат работниците и работодавачите, вели Мицкоски

Минималната плата ќе биде онаа што ќе ја договорат работниците и работодавачите, вели Мицкоски

На денешната собраниска седница за пратенички прашања, премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на прашање на пратеничката Јована Тренчевска за тоа дали се планира раст на минималната плата и дали таа ќе изнесувала над 500 евра, истакна дека иако на Владата најмногу би ѝ одговарало тоа, минималната плата треба да ја одредат работодавачите и работниците