Американскиот советник за национална безбедност Мајкл Волц изјави денеска, по завршувањето на разговорите меѓу делегациите на САД и Русија за Украина, дека практичната реалност е таква дека основата на секоја дискусија ќе биде дебата за територијата и безбедносните гаранци

„Ова се фундаменталните основи кои ќе бидат подлога и основа на секаков вид дискусија. Ова треба да биде траен крај на војната, а не привремен крај, како што видовме во минатото“, рече тој на прес-конференцијата на американската делегација.
Според него, најважниот дел е што американскиот претседател Доналд Трамп ја изразил својата желба и ја покажал својата решителност да стави крај на војната во Украина и убиствата што се случуваат.
„Тоа не е во интерес на ниту една земја. Тоа не е во интерес на светот, а секако не е во интерес на САД и Европа. Значи, сите тие работи ќе ги придвижат преговорите напред“, рече Волц.
Слични новости
ЕК: Украина е демократија за разлика од путиновата Русија
Европската комисија во четвртокот го отфрли тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека украинскиот претседател Володимир Зеленски е „неизбран диктатор“
Дипломати велат дека САД одбиваат да бидат коспонзори на резолуција во ОН за поддршка на Украина
Несогласувањата претставуваат голема политичка криза за Украина, откако таа потроши десетици милијарди долари од американската воена помош договорена во времето на претходната американска администрација за да се спротивстави на руската инвазија
Кремљ „целосно се согласува“ со позицијата на САД за Украина
Кремљ во четвртокот соопшти дека „целосно се согласува“ со ставот на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за потребата брзо да се стави крај на конфликтот во Украина