Фудбалерите на Волфсбург испаднаа од Бундеслигата по 29 години, откако во реваншот од баражот беа поразени од екипата на Падерборн со резултат 2:1 по продолженија.

Во првиот меч беше 0:0. Во реваншот Волфсбург поведе уште во третата минута со голот на Пејчиновиќ, а израмни Билбија во 38 -та минута.

Враќањето на Падерборн во Бундеслигата го донесе Ларин Курда во 100-тата минута од продолженијата.

Волфсбург натпреварот го играше со играч помалку, откако во 14-тата минута беше исклучен Јоаким Меле.

Слични новости

Менаџерот на Брајтон Фабијан Хуцелер ги обвини Артета и Арсенал дека ја „убиваат фудбалската игра“

По синоќешниот поразот од 0:1 против Арсенал, менаџерот на Брајтон Фабијан Хуцелер изјави дека никогаш нема да биде тренер од типот на Артета и на тој начин да се обиде да стигне до победата.

Манчестер сити -Нотингем Форест 2:2 што може да биде клучен кикс во борбата за титула

. Капитенот на Сити Бернардо Силва против натпреварот беше огорчен на судиите и изјави дека не бил досуден чист пенал врз Халанд. Силва рече и дека сите ситуации што се 50-50, судиите ги свират против Сити.