Фудбалерите на Волфсбург испаднаа од Бундеслигата по 29 години, откако во реваншот од баражот беа поразени од екипата на Падерборн со резултат 2:1 по продолженија.

Во првиот меч беше 0:0. Во реваншот Волфсбург поведе уште во третата минута со голот на Пејчиновиќ, а израмни Билбија во 38 -та минута.

Враќањето на Падерборн во Бундеслигата го донесе Ларин Курда во 100-тата минута од продолженијата.

Волфсбург натпреварот го играше со играч помалку, откако во 14-тата минута беше исклучен Јоаким Меле.

Слични новости

Голманот на Баерн Минхен Мануел Ноер поради повреда ќе го пропушти натпреварот со Аталанта

Ноер го напушти теренот на полувремето во победата на Баерн Минхен врз Борусија Менхенгладбах, а според последните информации клубот не сака да ризикува посериозна повреда на Ноер.