Фудбалерите на Волфсбург испаднаа од Бундеслигата по 29 години, откако во реваншот од баражот беа поразени од екипата на Падерборн со резултат 2:1 по продолженија.

Во првиот меч беше 0:0. Во реваншот Волфсбург поведе уште во третата минута со голот на Пејчиновиќ, а израмни Билбија во 38 -та минута.

Враќањето на Падерборн во Бундеслигата го донесе Ларин Курда во 100-тата минута од продолженијата.

Волфсбург натпреварот го играше со играч помалку, откако во 14-тата минута беше исклучен Јоаким Меле.

Слични новости