Ова е е самонанесена рана на американската економија. Очекувам зголемување на инфлацијата затоа што нивото на цените ќе порасне кога ќе биде воведена царина на стоките што ги купуваат луѓето, изјави поранешниот министер за финансии на САД Лари Самерс.

Доналд Трамп во саботата ги погоди Мексико и Канада со нови увозни царини од 25 насто, а Кина со 10 проценти што отпочна нова трговска војна меѓу САД и неговите три најголеми трговски партнери.

Овие потези потсетуваат на старата изјава на Бернард Луис дека е ризично да се биде непријател на Америка, но дека може да биде погубно да сте нејзин пријател. Со исклучок на Кина, одлуката за воведување царини на Трамп е насочена кон најблиските американски соседи и сојузници.

„ Господинот Трамп понекогаш звучи како САД воопшто да не треба да увезуваат ништо, дека Америка може да биде совршено затворена економија која се прави дома. Тоа се вика автаркична економија, а тоа не е светот во кој денес живееме, или светот во кој би требало да сакаме да живееме, што господинот Трамп наскоро би можел да го дознае“, се наведува во коментарот на Вол стрит џурнал.

Весникот истакнува дека ова е најглупавата трговска војна во историјата.

Доналд Трамп остро реагираше на пишувањето на Вол стрит џурнал за воведувањето на царините .

„Царинското лоби на чело со глобалистичкиот и секогаш погрешен Вол стрит џурнал напорно работи за да ги оправда земјите како канада, Мексико, Кина и други кои со децении уживаат врз отвореноста на Америка и ни увезуваат криминал и дрога“.

Тие денови се минато. САД имаат големи дефицити со Мексико, Канада и Кина и дека Америка веќе нема да биде „глупава држава“.

Министерот за финансии на САД за време на администрацијата на Бил Клинтон Лари Самерс ги нарече новите царини „шок во снабдувањето кој самите си го предизвикавме“. Тоа ќе значи помалку понуда од добавувачите, затоа што воведивме царини на странските добавувачи. Тоа ќе значат помали количества и поголеми цени, рече Самерс.

„Ова е е самонанесена рана на американската економија. Очекувам зголемување на инфлацијата затоа што нивото на цените ќе порасне кога ќе биде воведена царина на стоките што ги купуваат луѓето“, изјави Самер за Си Ен Ен.

Канадската амбасадорка во САД Кирстен Хилман изјави за Еј Би Си дека потегот на Трамп со царините ги пореметува неверојатно успешните трговски односи. „Навистина сме разочарани и се надеваме дека царините нема да стапат во сила во вторник. Подготвени сем за тоа да разговараме со администрацијата на Трамп“, додаде амбасадорката Хилман.

Мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум нареди возвратни царини како одговор на одлуката на САД да воведе царина на целата стока која доаѓа од Мексико и рече дека нејзината влада бара дијалог, а не конфронтација со својот трговски партнер на северот.

Мексико нареди возвратни царини, а канадскиот премиер рече дека неговата земја ќе воведе одговарачки царини од 25 насто за увоз на стоката во вредност од 155 милијарди долари во САД. Кинеското министерство за трговија соопшти дека ќе поднесе тужба до Светската трговска организација поради „неправилните практики на САД“.

Слични новости

Дип Сик АИ апликацијата што го стресе светот

Дип Сик АИ апликацијата што го стресе светот

По неговото лансирање ДипСик предизвика масовно купување на технолошки акции. Акциите на Нвидиа паднаа за 17 насто во само еден ден на американската берза што беше загуба од 600 милијарди долари на пазарната вредност. Според Блумберг, тоа е најголемиот пад во историјата на американската берза.