На Волстрит берзанските индекси нагло пораснаа во понеделникот, бидејќи инвеститорите се надеваа дека Вашингтон нема да ја засили царинската војна со своите најголеми трговски партнери.

Индексот Dow Jones порасна за 1,42 отсто, на 42.583 поени, додека S&P 500 скокна за 1,76 отсто на 5.767 поени, а индексот Nasdaq за 2,27 отсто, на 18.188 поени.

Берзите се под притисок со седмици додека Вашингтон води царинска војна на повеќе фронтови – со Канада, Мексико, Кина, Европската унија… Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна дополнително се закани дека ќе воведе реципрочни царини за увоз од сите земји кои воведуваат царини за увоз на американски производи, кои стапуваат на сила од 2. април.

Многу земји најавија контрамерки, а инвеститорите стравуваат од ескалација на царинската војна, што може да доведе до зголемување на инфлацијата и да ѝ наштети на меѓународната трговија и економскиот раст. Меѓутоа, последните денови Вашингтон зборуваше дека би можело да биде пофлексибилно, дека се можни некои ослободувања или пониски царини и дека се уште ништо не е решено.

Благодарение на ова, берзанските индекси вчера силно скокнаа и достигнаа највисоки нивоа во последните две седмици.

Во меѓувреме, цените на акциите пораснаа во 10 од 11-те најважни сектори на индексот S&P 500. Меѓу најголемите добитници беше акцијата на „Tesla“, со скок на цената од 12 отсто, со што се повратени дел од загубите од последните седмици. Остро пораснаа и цените на акциите на производителите на чипови, кои исто така беа под притисок во последните недели. Цената на акцијата на „Nvidia“ порасна за повеќе од 3 отсто, а на AMD повеќе од 7 отсто.

Сепак, на најголемата светска берза немаше еуфорија, на што укажува помалиот обем на тргување од вообичаеното. Вчера на американските берзи се сменија 13,6 милијарди акции, додека просечниот дневен обем во изминатите 20 дена беше 16,5 милијарди.

И на европските берзи цените на акциите вчера благо паднаа. Лондонскиот FTSE индекс се намали за 0,10 отсто, на 8.638 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,17 отсто, на 22.852 поени, а париски CAC за 0,26 отсто, на 8.022 поени.

 

Слични новости

Цените на нафтата близу 74 долари

Цените на нафтата близу 74 долари

Цените на нафтата се задржаа на меѓународните пазари во четвртокот близу 74 долари, што ги одразува поделените проценки на инвеститорите за можното влијание на новите американски царини врз побарувачката на горива

Автомобилската индустрија потресена од американката најавва за царини

Автомобилската индустрија потресена од американката најавва за царини

Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе царини од 25 отсто на увезените автомобили и автоделови ги потресе производителите ширум светот, а според Илон Муск, исто така, штети очекува и неговата „Tesla“