На Волстрит цените на акциите пораснаа втор ден по ред во понеделникот, најмногу благодарение на корекцијата по остриот пад на берзанските индекси минатата седмица.
Индексот Dow Jones порасна за 0,85 отсто, на 41.841 поени, додека S&P 500 порасна за 0,64 отсто, на 5.675 поени, а индексот Nasdaq за 0,31 отсто, на 17.808 поени.
Минатата седмица индексите паднаа четврта седмица по ред, бидејќи неизвесноста го зафати пазарот поради царинската војна што Вашингтон ја води на повеќе фронтови – со Канада, Мексико, Кина, Европската унија…

Покрај тоа што ескалацијата на царинската војна војна може да ја зголеми инфлацијата, инвеститорите стравуваат дека тоа негативно ќе влијае на меѓународната трговија и на економскиот раст.
А серија неодамнешни податоци покажуваат дека растот на најголемата светска економија забавува. Во интервју минатиот викенд, министерот за финансии Скот Бесент предупреди дека нема гаранција дека американската економија ќе избегне рецесија.
Поради сево ова, минатата седмица S&P 500 и Nasdaq индексите паднаа на територијата на корекција, повеќе од 10 отсто под рекордното ниво постигнато во февруари. Но, во петокот, цените на акциите силно пораснаа, благодарение на корекција по претходниот остар пад, и S&P 500 се повлече од таа област. Nasdaq, од друга страна, сѐ уште е во таа област и покрај тоа што расте два дена по ред.
Аналитичарите очекуваат нестабилно тргување во наредните денови, а инвеститорите ќе се фокусираат на состанокот на лидерите на американската централна банка. Не се очекува Fed да ги намали каматните стапки, но се очекуваат нови прогнози од централната банка за инфлацијата и состојбата во економијата.
Цените на акциите вчера пораснаа и на европските берзи. Лондонскиот FTSE индекс се зголеми за 0,56 отсто, на 8.680 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,73 отсто, на 23.154 поени, а париски CAC за 0,57 отсто, на 8.073 поени.
Слични новости
Доларот тоне, нов рекорд на златото
ндексот на доларот, кој ги мери перформансите на зелената банкнота во однос на шесте главни светски валути, во вторникот претпладнето изнесуваше 103,44 поени и сѐ уште се движи близу петмесечниот минимум
BYD ја претстави новата технологија за брзо полнење електрични возила
Таканаречената „супер е-платформа“ ќе може да ги полни батериите со рекордна брзина од 1.000 киловати (kW),
Нафтата поскапе над 71 долар
Цените на нафтата се искачија над 71 долар за барел во понеделникот, бидејќи кинеските стимулации на потрошувачката и обновените тензии во Црвеното Море ги надминаа шпекулациите дека олеснувањето на американските санкции може да го отвори патот за зголемени испораки од Русија